Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Минималната утринска температура ќе биде околу 2 степена, а дневната максимална ќе достигне до 22 степена.
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Во попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд со ретки грмежи.
Во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.