Сончоглед и зејтин има, континуирано се увезуваат сончоглед и сурово масло од соседите

од Берта Китинска
197 прегледи

Министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски владините мерки даваат резултати.

-Почна увозот на рафинирано масло од соседите, но се увезува и од други држави со оглед дека ја укинавме царинската стапка од 29 отсто, истакна Бектеши.

Се работи, секако, нагласи, и на дополнителни мерки за поголемо производство на сончоглед.

– Ја следиме ситуацијата на дневна основа и заеднички со МЗШВ ги носиме одлуките, подвлече министерот за економија.

Според министерот Николовски, и очекувањата на менаџменот на „Кристал“ се дека годинава двојно ќе се зголемат површините под сочоглед, а со тоа и количините на суровина за масло за јадење.

Слични содржини