Sony се очекува да биде една од ретките компании кои ќе го изберат IFA 2018 саемот за да ја претстават својата нова генерација на паметни телефони од висока класа. Компанијата сега ги потврди овие информации со серија твитови на својата Твитер сметка која го содржеше слоганот „Seeing is Believing“. Во некои од написите е закачен и краток тизер со логото на Xperia, што е доказ дека ќе видиме уред од популарната серија на шоуто во Берлин. Видеото го покажува и датумот 30.08.2018.

Се очекува најголемо внимание да предизвика Sony Xperia XZ3, кој ќе ја користи новата генерација камера сензори на компанијата. Моделот ќе биде опремен со два 19МР објективи во задниот дел и најверојатно ќе работи со моќниот Qualcomm Snapdragon 845 процесор и ќе има 6GB RAM. Екранот е со 5,7-инчна дијагонала и поддржува резолуција од 2160×1080 со сооднос на екран од 18:9. Sony, исто така, ја подготвува премиерата на уште неколку модели со Android, објави XperiaBlog.
Компанијата веќе работи над смартфон со името Xperia XA3 кој може да биде прикажан на IFA 2018. Во моментов немаме многу податоци за можностите кои ќе ни ги понуди овој уред. Смартфонот се очекува да има Snapdragon 660 процесор со 6GB RAM и да работи со Аndroid 8.1 Oreo. Во секој случај не чекаат многу интересни настани од Sony на нивната прес-конференција на IFA 2018, која ќе се одржи само по неколку часа.