Sony Xperia 2 „истече“ уште пред промоцијата на Sony Xperia 1 (ВИДЕО)

од Vlatko K
87 прегледи

Sony Xperia 1 беше најавен во февруари, а премиерата на телефонот требаше да биде следниот
месец. Sony сепак веќе работи на наследник на топ-моделот и сега веќе знааеме како би можел да
изгледа новиот Xperia 2.

Слично на својот се уште непрезентиран претходник, Sony Xperia 2 ќе има многу издолжен 21: 9
екран, чиј дијагонала овојпат е намалена од 6,5 на 6,1 инчи. На овој начин, Sony Xperia 2 ќе биде
полесен за држење од Sony Xperia 1.

Иако повеќето топ-модели имаат или голем пресек (iPhone XS) или мал (Huawei P30 Pro) или отвор
на едниот агол (Galaxy S10), Sony Xperia 2 ќе се обложи на традиционалните рамки и овој пат.

Телефонот ќе биде направен од алуминиум и ќе има странично монтиран скенер, како и тројна
задна камера. Очекуваме таа да биде иста како и кај Sony Xperia 1 – со три сензори од 12 MP.

Слично на другите модели од висока класа од оваа година, Sony Xperia 2 ќе работи на чипсет
Snapdragon 855 со најмалку 6 GB RAM меморија, иако Sony може да одлучи да ги зголеми до 8 GB за
да се натпреварува подобро со своите конкуренти. Sony веќе работи на свој 5G телефон, но малку е
веројатно дека тоа ќе биде претстојниот предводник.

По традиција, Sony ги објавува своите топ модели на саемот IFA во Берлин и ако тоа се случи,
можеме да го очекуваме Sony Xperia на пазарот во почетокот на октомври.