Sony се една од најактивните компании во смартфон пазарот и ја следат стратегијата да претстават нов уред од висока класа на секои шест месеци. Последниот модел на јапонскиот производител во овој сегмент беше Xperia XZ2 кој го видовме во крајот на февруари на саемот MWC 2018. Од Sony веќе работат на неговиот наследник, кој ќе се вика Xperia XZ3 и ќе го видиме до крајот на летото. Во интернет истекоа првите детали откривајќи дел од неговите карактеристиките.

Новиот модел ќе има двојна задна камера со 19 мегапиксели резолуција и f / 1.8 објектив. Во предниот дел ќе се наоѓа подобар 12МР сензор со f / 1,6, во споредба со Xperia XZ2, информира Sumahoinfo. Според информациите Xperia XZ3 ќе работи под управување на Android 8.1 Oreo и ќе биде придвижуван од 8-јадрен Qualcomm Snapdragon 845 процесор кој е дополнет од 6GB RAM. Вградената меморија ќе биде 64GB или 128GB, но може да се прошири со microSD слот за мемориска картичка.
Екранот е со 5,7-инчна дијагонала и поддржува резолуција од 2160×1080 со сооднос на екран од 18:9, а батеријата е 3240mAh. Во овој момент, ова се сите информации што ги имаме за Xperia XZ3. Многу е веројатно дека овој паметен телефон ќе биде претставен од Sony за време на IFA 2018, кој ќе се одржи во Берлин од 31-ви август до 5-ти септември. Дотогаш, ќе мораме да бидете трпеливи за да дознаете кои други подобрувања нè очекуваат во овој модел.