Сообаќајот по влажни коловози, забрана за камиони на Стража

од desk4
80 прегледи

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни  коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат.  Забрана од 7:30 минути е воведена за движење на тешки товарни возила поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на планинските превои Стража и Плетвар, на Попова Шапка, Кула и на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Слични содржини