Сообраќајка на патот Тетово-Скопје, двајца повредени

од Aleksandar Todeski
267 прегледи

Еден тешко и еден полесно повреден е билансот на сообраќајната несреќа ноќеска на автопатот Тетово-Скопје поради излетување на две возила. По излетување на првиот возач, поради остатоците од возилото и инфраструктурата на автопатот уште еден автомобил излетал од коловозот, информира денеска СВР Тетово.

 

„Патничко моторно возило „Опел Астра“ со тетовски таблици управувано од 33 годишен тетовец Д.А изгубило контрола и излетало од коловоз. Возилото удрело во метална заштита ограда и се превртело. Возачот кој бил сам во возило, здобил тешки телесни повреди, а по пружањето лекарска помош во тетовска болница е однесен на скопските клиники. Како последици на сообраќајна несреќа, поради остатоци од оштетена ограда и скршено стакло од коловоз излетало возило „Рено лагуна“ со тетовски таблици управувано од 24 годишна Ф.М од Палатица. Таа исто така била сама во возилото, но поминала со лесни повреди“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Сообраќајната несреќа околу 21 часот се случила кај ткн. Требошки надвозник.

Слични содржини