МВР информира дека пред два дена дошло до сообраќајна несреќа во центарот на Гостивар, при што повредено е едно малолетно лице.
-На 6 октомври околу 23 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата на улиците „Браќа Ѓиновски“ и „101“ во Гостивар, патничко моторно возило „хјундаи“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 57-годишната гостиварка У.К., удрило во паркирано возило „мерцедес“, исто така, со гостиварски ознаки, сопственост на Д.А.(28) од Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Според СВР Тетово, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка во возилото „хјундаи“, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.