СООБРАЌАЈНА КОНТРОЛА: Казни за 229 возачи, 75 за недавање предност на пешаци

од Берта Китинска
293 прегледи

Вчера на територија на град Скопје биле изречени вкупно 229 казни, меѓу кои за недавање првенство на минување на пешаци 75, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени биле и три санкции за зборување на мобилен телефон, две мерки за неносење на сигурносен појас.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.

Слични содржини