Сообраќајната полицијата фати 13 лица без возачка дозвола

од Берта Китинска
225 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за возење повеќе од дозволената брзина.Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 36 за непрописно паркирање, информираат од МВР.

Оттаму додаваат ека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови упатувајќи апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот.