
Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес кај с. Сопот, поради поголем одрон од 19.30 часот се одвива по една коловозна лента. На самото место се екипите на ЈП Македонијапат и сообраќајна полиција.
Екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. На учесниците им се препорачува крајно внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.