Сообраќајот на патот Тетово-Попова Шапка по една лента

од desk4
85 прегледи

На патниот правец Тетово-Попова Шапка поради одрон на патот сообраќајот се одвива по една лента, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места има остатоци од кашаст снег по интервенција на дежурните служби.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.