Сообраќајот по влажни коловози, на Попова Шапка врнежи од снег

од desk4
131 прегледи

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Во јужните делови од државата коловозите се претежно суви, соопшти ЈП Македонијапат.

На Попова Шапка се бележат врнежи од снег кој наместа се задржува на коловозот, но во моментов снегот не го попречува одвивањето на сообраќајот. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.