Сообраќајка го затвори патот Крива Паланка-Куманово

од Nikola Popovski
18 прегледи

На 06.03.2025 година, во 10:10 часот, на патниот правец Крива Паланка – Куманово, на излез од Крива Паланка, се случила сообраќајна незгода, велат од АМСМ.

Поради оваа незгода, сообраќајот е во прекин и истиот се пренасочува по стариот пат.

Засега нема информации за повредени лица или жртви, повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Слични содржини