Сообраќајка кај Струмица, трудница заврши со тешки повреди на главата

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Петмина повредени меѓу кои и една трудна жена во сообраќајната несреќа што се случила вечерва во близина на Струмица, јавуваат локалните медиуми.

06.04.soobrakajka

Три лица се со посериозни повреди, а трудницата има тешки повреди на главата, велат првичните информации.  Несреќата се случила вечерва околу 22 часот,  кај с. Дабиле , во близина на бензинската пумпа -Лукоил кај Струмица.

Според неофицијалните информации, несреќата се случила при судир на „Фиат Пунто“ во кој имало 3 лица и „Опел Астра“  во која се возеле двајца  патници.

Поради сериозноста на повредите, двајца од учесниците во несреќата се на скопските клиники.

Повеќе детали се најавени за утре.