Сообраќајка во Кавадарци, четири лица во болница

од Nikola Popovski
72 прегледи

Четири лица биле повредени синоќа околу 23 часот во сообраќајка во Кавадарци, при судир на две возила на крстосницата кај Брушински мост.

Информацијата утрово ја потврдиле од Итната медицинска помош во Кавадарци.

– Како итна медицинска помош бевме на лице место веднаш штом го добивме повикот за сообраќајна несреќа, директен судир на две возила на крсосницата кај Брушански мост во градот. Четирите повредени лица ги пренесовме во Општата болница во Кавадарци, изјавил д-р Антоан Паракеов.

Слични содржини