27
Синоќа пред полноќ во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Васко Карангелески“ во Прилеп, патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(20) од Прилеп, удрило во оградата од касарната „Мирче Ацев“.
Возилото го управувал 20-годишниот А.Г кој се здобил со телесни повреди, а покрај него со повреди се здобиле и тројцата негови сопатници. Повредите на сите лица биле констатирани во болницата во Прилеп.
Прилепската полиција излегла на терен и извршила увид од увидна екипа.