Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на експресниот пат Кочани–Штип, во близина на селото Тракање, во која учествувале три возила.
Од СВР Штип информираат дека во несреќата има повредени лица, но засега нема официјални информации за тежината на повредите.
На местото на настанот е во тек увид од страна на надлежните служби, поради што сообраќајот на експресниот пат е целосно прекинат. Возилата се пренасочуваат кон регионалниот пат Кочани–Штип.
Според информациите на АМСМ, експресниот пат Кочани–Штип е затворен за сообраќај од 19:10 часот.