Сообраќаен хаос утрово во Скопје: Колони автомобили заглавени во Аеродром (ФОТО)

од Nikola Popovski
217 прегледи

Сообраќаен хаос утрово ги дочека скопјани, особено жителите на скопски Аеродром.

Редици колони возила се создадоа од пред ресторанот „Три Бисери“ до пред зградата на Народната банка.

Сообраќајот таму е закрчен, а истото се случуваше и претходните работни денови каде се чека и до половина час за да се излезе од сообраќајниот хаос. Граѓаните на големо доцнат на работните места.

Булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кај Народна банка е дел од улиците на кои во моментот се вршат градежни активности. На овој булевар неколкупати во минатото се правеше реконструкција, но асфалтот остана оштетен.

Фото: Локално

Слични содржини