Највисоките раководства на СДСМ и ДУМ синоќа на седници го поддржаа договрот за формирање ново парламентрано мнозинство и коалициска влада со четиригодишен мандат и ги утврдија кандидатите во владиниот кабинет, што ќе го предводи мандатарот Зоран Заев.
Во новата влада наместо 26, како досега, ќе има 19 министри или седум помалку.
Поголеми изненадувања нема. СДСМ ги ротира досегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров во секторот евроинтеграции, Мила Царовска во образование, а досегашниот министер за земјоделство Љупчо Николовски ќе стане вицепремиер за борба против корупција. Во земјоделство ќе седне кадар на Беса.
Од редовите на ДУИ, Артан Груби ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими министер за финансии, Крешник Бектеши за економија, Бујар Османи за надворешна работи, а Насер Нуредини за животната средина и просторно планирање. Останува да се утврди уште кандидатот за министер за информатичко општество и администрација, кој исто така ќе биде кадар на ДУИ.
СДСМ во своите редови на свои предлог номинира:
Вицепремиер за економски прашања – Фатмир Битиќи
Вицепремиер за борба против корупција – Љупчо Николовски
Вицепремиер за европски прашања – Никола Димитров
Министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски
Министер за правда – Бојан Маричиќ
Министер за одбрана – Радмила Шекеринска
Министер за транспорт и врски – Благој Бочварски
Министерс за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска
Министер за култура – Ирена Стефоска
Министерство за здравство – Венко Филипче
Министерство за образование – Мила Царовска.