Сопруга на екс-премиер e една од Македонците што имаат сметка во швајцарска банка?

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Македонската јавност го чека списокот на наши граѓани кои девизите ги сместиле во банки во Швајцарија. Јавноста лицитира со имиња, нивните професии и сумите на нивните девизни конта.Либертас дознава дека меѓу Македонците – штедачи во Швајцарија ќе биде откриено и името на сопруга на екс премиер, која чува пари на сигурно.

svajcarska_banka

– Многу скоро списокот со имињата ќе биде јавен – вели изворот на Либертас и додава дека, според него, најинтересно е дека девизно конто поседува и сопруга на наш бивш премиер.

Контото, односно износот на сумата депониран во Швајцарска банка не е голем, а и не верувам дека кога ќе се дознае за која особа се работи, јавноста нешто посебно ке се изненади, тврди изворот на порталот.

Според него на списокот има повеќемина но не сакаше да прецизира дали иматели на сметките се сегашни или бивши функционери или списокот е со мешан состав.