Сопругата на Алек Болдвин: Скршен си, не сакам да те изгубам

од Nikola Popovski

Сопругата на Алек Болдвин го поддржа својот партнер по бројните негативни коментари предизвикани од неговото последно интервју.

Откако пред два дена Алек Болдвин и посвети трогателна објава на сопругата, таа реши да возврати на ист начин, па на Инстаграм објави како се чувствува за сето она што му се случува на нејзиниот сопруг.

„Тука сум, те сакам и ќе се грижам за тебе. Тоа беа единствените зборови што ми паднаа на ум кога дознавме дека Халина починала. Се сеќавам дека ја повторував таа фраза одново и одново. Страшна загуба, тортура на нејзиното семејство и тебе, мојот сопруг, кој некако се најде во овој незамислив кошмар. Тој момент ми е врежан во сеќавањето, фотографите кои те опкружуваат, како ми телефонираат и ја документираат твојата агонија. Не можев да бидам блиску до тебе да те гушнам, се слушнавме на телефон, само визуелен приказ што светот може да го види“.

„Нашиот јавен живот носи голема радост во поврзувањето со неверојатни луѓе и голема траума кога ќе падне мрак Мислењата и заработката на нашите животи стануваат гласни и претерани. Се плашев што ќе се случи ако се отвориш затоа што видов дека ти е скршен духот, менталното здравје ти е скршено, а душата ти е во незамислива болка. Понекогаш се прашувам колку можат да издржат едно тело и еден ум. Не сакам да те изгубам“, напишала Хиларија.

Да потсетиме, нејзиниот сопруг го даде првото интервју пред два дена по трагедијата на снимањето на филмот „Рѓа“, кога случајно ја уби колешката Халина Хачинс. Во текот на разговорот Болдвин тврдеше дека не го повлекол чкрапалото, а таа изјава предизвикала бројни коментари.

Слични содржини