Јулија Навални, сопругата на опозиционерот Алексеј Навални, е ослободена од одделот „Сокол“ на московската полиција, дознава агенцијата РИА Новости од неименувани извори.
Како што пренесува „Спутник“, таа лично ја информирала јавноста дека е приведена преку социјалните мрежи.
Медиумите наведуваат и дека околу 40 полицајци биле повредени на протестот во Москва, но дека станува збор за претежно полесни телесни повреди.
„Ројтерс“ објави дека полицијата уапсила повеќе од 3.500 лица на протестите ширум Русија и проценува дека само на демонстрациите во центарот на Москва учествувале повеќе од 40.000 луѓе.
A video from the massive protest in St Petersburg earlier today, via Telegram pic.twitter.com/4Q3qvcliZf
— Matthew Luxmoore (@mjluxmoore) January 23, 2021