Сопругата на Андреј демантира: Лажна е веста дека „ДНК“ ја донела пиротехниката

од Nikola Popovski
2,6K прегледи

Сопругата на трагично загинатиот Андреј од ДНК објави дека е лажна веста дека бендот ја донел пиротехниката во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според Наталија Ѓоргиеска, во текот на вчерашниот ден членови на криминалистичка служба го барале нејзиниот сопруг.

-Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете. Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со НАЈНЕХУМАН однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив, истакна Наталија.

Сопругата на Андреј е децидна дека бендот не ги донел прскалките во дискотеката поради кои настана пожарот.

-Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност. Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ПОЗАДИ РЕШЕТКИ! Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, а така и за поблиското семејство и пријателите…, порача Наталија.

Претходно првиот полицаец во државата, Панче Тошковски информираше дека пиротехниката ја донел бендот „ДНК“. Лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато. По завршување на увидот, ќе биде доставен извештај на ОЈО, по што ќе се утврди дали истите требале да поседуваат одреден сертификат за употреба.

Според Тошковски, дискотеката работела во објект чија што намена е лесна индустрија, а не угостителство. За цел клуб имало само два противпожарни апарати. Концертот бил одржан „на диво“ бидејќи немало писмен договор меѓу организаторот и оддржувачите.

Слични содржини