Сопругата на Асанж до властите во Британија: „Не го екстрадирајте во земјата која заговараше да го убие“

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Стела Морис, сопругата на основачот на „Викиликс“, реагираше на одлуката на судот во Лондон да ја одобри екстрадицијата на Џулијан Асанж во САД.

– Ова е политички случај. И сега со потпис на судот се оди во политика. Пуштете го Џулијан Асанж – изјави Стела по сослушувањето.

Таа рече дека Велика Британија нема обврска да го екстрадира Асанж во САД.

– Не само тоа, нејзините меѓународни обврски бараат од неа да го запре процесот на екстрадиција. Не го екстрадирајте во земјата која заговараше да го убие – изјави сопругата на Асанж, додавајќи дека министерот за внатрешни работи и премиерот во секој момент можат да го спречат тоа.

Да потсетиме, британски судија денеска официјално ја одобри екстрадицијата на Асанж во САД за да се соочи со обвинувањата за шпионажа. За случајот сега ќе одлучува британскиот министер за внатрешни работи, а основачот на „Викиликс“ се уште има правни можности да поднесе жалба.

Наредбата доаѓа откако Врховниот суд на Велика Британија минатиот месец не му дозволи на Асанж да поднесе жалба на одлуката на понискиот суд дека тој може да биде екстрадиран.

Слични содржини