411
Бројни пријатели, граѓани и сите оние кои го сакаа и почитуваа познатиот кантавтор се собраа пред куќата на починатиот Ѓорѓе Балашевиќ во Нови Сад, со цел да му оддадат почит.
Таму, припадниците на медиумите ја забележаа неговата сопруга Оливер на прозорецот. Тажно гледала во сè што толпата донесе пред куќата со цел да се збогува со легендата на свој начин. Таа накратко разговарала со новинарите:
– Џоле последниве неколку години ги поминуваше своите денови дома. Тој најмногу сакаше да поминува време тука, да пие кафе и да се дружи со семејството и пријателите – изјави Оливера, пренесува „24сата.хр“.
Букети цвеќе, плишани зајачиња, писма и пораки за починатиот Ѓорѓе беа оставени пред куќата на Балашевиќ.