Сопругата на Џастин Бибер имала операција на срцето по мозочниот удар

од Vladimir Zorba

Сопругата на Џастин Бибер, Хејли Бибер направи операција на срцето откако минатиот месец доживеа мал мозочен удар.

Станува збор за процедура која ги затвора патолошките отвори во срцето кои доведуваат до мозочни удари кај младите, а најчесто се изведува кај луѓе кои веќе имале мозочен удар без претходно видливи причини.

„Се помина многу лесно. Закрепнувам многу добро и многу брзо“, рече Хејли во видеото на YouTube, кое за помалку од 24 часа го погледнаа повеќе од 1,6 милиони луѓе.

Да потсетиме, минатиот месец манекенката беше итно пренесена во болница со симптоми слични на мозочен удар.

Таа сега објасни дека имала згрутчување на крвта што допрело до нејзиниот мозок и предизвикало минлив напад. Сепак, лекарите не можеле да разберат како згрутчувањето на крвта завршило таму. Имено, тие сега дојдоа до одговор, а проблемот беше токму тој отвор во нејзиното срце, кој сега е затворен.

Навистина ми олесна што ја надминав оваа застрашувачка ситуација и можам да продолжам да го живеам својот живот“, заклучи сопругата на пејачот.

Слични содржини