Сопругата на Јоксимовиќ демантраше дека е позитивна на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Некои српски медиуми објавија дека водителката Јована Јоксимовиќ е, наводно, позитивна за коронавирусот.

Сепак сопругата на пејачот Жељко Јоксимовиќ ги негираше овие наводи.

– Тоа е лага. Сè уште не сум се тестирала – изјави Јована за „Телеграф“.

Потсетуваме, Јована и Жељко Јоксимовиќ беа на прославата со Ражнатовиќ на 3 јуни, по повод раѓањето на синот на Богдана и Вељко Ражњатовиќ.

Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот син се позитивни за вирусот, објавија претходно медиумите од нашиот северен сосед.

Слични содржини