Сопругата на мексиканскиот наркобос влегува во реалити со криминалци

Жоакин Гузнам, попознат како Ел Чапо(62), озлогласениот мексикански наркобос е осуден на доживотен затвор и плус 30 години за креирање мрежа за криумчарење дрога, а обвинет е и за ѕверските убиства како и многу крвопролевања во Мекиско. Иако е зад решетки, неговото влијание во земјата е огромно, па неодамна во знак на протест против притворот на неговиот син, неговиот картел улиците ги претвори во воена зона.

Во еден од најсигурните затвори на светот Ел Чапо не смее да ја гледа својата сопруга, 30-годишната Ема Коронел Еспуро, но би можел да ја гледа на ТВ, пишува New York Post.

https://www.instagram.com/p/BuwgI95n02n/

Неговата млада сопруга наводно преговара за учество во амерканското реално шоу „Cartel Crew“, кој се емитува на VH1 каналот, а ги следи животите на поранешните членови на озлогласените банди и картели кои се обидуваат да се ресоцијализираат во друштвото. Очекувано, тоа за нив не е ниту малку лесно.

Сопругата на Ел Чапо во Мајами се состанала со некои од главните протагонисти од првата сезона на контроверзното шоу, а продукцијата веќе ѝ пратила понуда. Со оглед на чувствителната ситуација во Мексико, под знак прашалник е колку Ема би можела и би сакала да зборува за односите со еден од најлошите криминалци на светот.

Слични содржини