192
Сопругата на лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, Јулија е уапсена за време на протест во Москва, пренесува The Moscow Times.
Јулија Навални објави фотографија од полициско возило на својот Инстаграм профил, потврдувајќи дека е уапсена.
– Извинете за слабиот квалитет. Многу лошо светло во автомобилот – напиша таа во описот на фотографијата.
Да потсетиме, протести против апсењето на Навални се одржуваат низ цела Русија денес.
Неколку илјади луѓе се присутни и во Москва, а Јулија претходно објави дека им се придружила на демонстрантите во рускиот главен град.