Собругата на нобеловец, која страдала од Паркинсонова болест, пронајдена е мртва во вторник попладне во американската сојузна држава илиноис, објавија надлежните.

Телото на 80-годишната Сумира Негиши најдено е во Рокфорд, објави канцеларијата на шерифот. Најиниот сопруг, професор на факултетот Пердју и нобеловец Еи-ичи Негиши (82), пронајден е додека шетал изгубен во близина, и е префрлен во болница.
Двојката живеела во илиноис и нивното исчезнување пријавено е во полиција во понеделник навечер,. Властите велат дека истрагата е во тек, но не се сомневаат на насилна смрт. Членовите на семејството изјавија дека двојката се изгубила на пат до аеродромот во рокфорд.
Негиши во 2010 година ја подели Нобеловата награда за хемија со уште двајца професори. На Универзитетот Пердју работи поеќе од 30 години и е директор на институтот Негиши-Браун.
„Со љубов и верност го поддржуваше својот сопруг во кариерата со огромен придонес кон науката“, се вели во соопштението од Универзитетот.
„Се чини дека болеста од која патеше и моменталната состојба во тие години можат и најбрилијантните умови да ги доведе до катастрофа. Тоа што вакви инциденти се случувата толку често не ја наламува грубоста на нивните последици“, се додава во соопштението.