Сопругата на шефот на украинското разузнавање отруена со арсен и жива

од Stefanija Kuzmanovska
240 прегледи

Сопругата на шефот на Главната разузнавачка управа (ГУР) на министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов, е отруена со арсен и жива, објави „Украинска правда“, повикувајќи се на националните разузнавачи.

Маријана Буданова била отруена со арсен и жива, наведува „Украинска правда“ на својот Телеграм канал, пренесе РИА Новости.

Ден претходно, украинскиот сајт „Бабел“, повикувајќи се на извор во украинската воена разузнавачка служба, објави дека Буданова била отруена со тешки метали и дека е во болница.

Потоа, шефот на Надворешната разузнавачка служба на Украина, Валери Кондратјук изјави дека, според неговите информации, Буданова била отруена со арсен и жива, а покрај неа биле труени и неколку високи украински разузнавачи.

Слични содржини