Сопругата на Вил Смит се огласи за првпат после шлаканицата на Оскарите

од Nikola Popovski

Џејда Пинкет Смит конечно се огласи откако нејзиниот сопруг Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок на Оскарите поради шегата за алопеција што ја направи комичарот и водител Рок на сметка на сопругата на Смит.

– Ова е период за опоравување и јас сум тука за тоа, напишала Џејда на својот Инстаграм профил и ова е првпат јавно да се огласи по инцидентот што го направи нејзиниот сопруг.

Вил во текот на денешниот ден му се извини на Крис Рок за неговото однесување на Оскарите.

-Шегите за мене се дел од работата, но шегите за здравјето на Џејда беа премногу и реагирав емотивно. Се срамам и моите постапки не се соодветни на човекот кој што сум, рекол Смит.

Претходно, Академијата за филмски уметности и науки од 9.900 членови ги осуди постапките на Смит, велејќи дека го разгледува ова прашање.

-Официјално започнавме истрага за инцидентот и ќе покренеме понатамошни дејствија и последици во согласност со нашите политики, стандарди на однесување и законите во Калифорнија, додаваат од академијата.

Прекршувањето на правилата може да резултира со суспензија или исклучување од академијата, одземање на наградата или суспензија за идните награди.

 

Слични содржини