Сопругите на Костадиновски и советникот на Мицкоски унапредени во Апелација – тие не гледаат ништо спорно

од Марта Пешевска
69 прегледи

Цветанка Сиљаноска Костадиновска, сопруга на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, и Марија Клетничка Марковска, сопруга на советникот на премиерот Христијан Мицкоски, добија унапредувања во Апелациониот суд Скопје.

Сиљаноска Костадиновска е назначена како судија во граѓанскиот оддел, со 25 години искуство во правосудството, докторат по граѓанско право и повеќе објавени научни трудови. Судскиот совет го оправда изборот со нејзината стручност и ранг-листа.

Костадиновски за ТВ24 изјави дека воопшто не влијаел врз одлуката, нагласувајќи дека неговата сопруга е професионалец со личен интегритет.

Унапредување доби и Клетничка Марковска, која ќе работи во кривичниот оддел на Апелација. Таа е сопруга на Сашо Марковски, советник на Мицкоски за надворешна политика. Според Судскиот совет, таа била прва на ранг-листата и е оценета како квалитетен судија.

Слични содржини