Сопругот на Натали Портман ќе прави екранизација на „Кармен“

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Францускиот кореограф Бенжамен Милпие ќе го направи своето деби како филмски режисер со музичка адаптација на “Кармен”, соопшти неговиот претставник. Танчерот Милпие, кој е оженет за актерката Натали Портман, ќе е и автор на кореографијата во филмот.

Интерпретацијата на класичната приказна за Кармен ќе биде ажурирана и ќе е приказна за патувањето на жена од мексиканските пустини кон Лос Анџелес во потрага по слободата. Милпие ја постави кореографијата во режираниот филм на Дарен Аронофски  “Црн лебед”, во кој тој танцува со пејачката на главната улога Портман.

По завршувањето на снимањето двајцата се венчаа, а неодамна се роди и второ дете. Работата на филмот треба да започне во 2018 во Лос Анџелес.