Рене Ангелили, сопругот и импресарио на пејачката Селин Дион, почина вчера во Лас Вегас на 73 години, соопшти портпаролот на канадската артистка.4594598

“Со длабока тага известуваме дека Рене Ангелили почина” во својот дом во Лас Вегас (државата Невада, САД), по боледување од рак, се вели во соопштението на Марк Оливие, портпарол на Селин Дион.

Селин Мари Клодет Дион е канадска пејачка. Родена е на 30 март 1968 година во населбата Шарлман на градот Квебек, провинцијата Квебек, Канада, каде што и израснала. Се запознава со нејзиниот иден сопруг, кога има 12. Тој има 38 и е оженет. Годините на заедничката работа на музичкиот раст на Селин преминуваат подоцна во љубов и заеднички живот, чиј плод се три деца.

Пред 16 години открија рак на грлото на Рене Ангелили. Битката со него изгледаше освоена, но болеста се врати во текот на летото на 2014 година. Селин се откажа од сите обврски, за да биде до нејзиниот сопруг. Потоа заедно одлучија таа да излезе повторно на сцената во Ел Еј. Но, и остана со сопругот до крајот.

Слични содржини