Сопругот повторно ја изневери: Се разведува Карди Би

од Stefanija Kuzmanovska

Според странските медиуми, пејачката Карди Би решила да се разведе од сопругот Офсет, а причината е неговото наводно неверство.

Карди вчера покренала судска постапка, сакајќи да се разведе од сопругот, а нивното прво рочиште е закажано за 4 ноември.

„Секако дека не е во ред мажот да ја изневерува жената, но сакам да ни дадам втора шанса. Ќе се обидам да ги подобрам односите, ако е тоа можно“, изјави таа пред две години, кога јавноста дозна за првото неверство, додека сега, очигледно, нивната романса е завршена.

Слични содржини