360
На лидерот на опозициската Лабуристичка партија во Велика Британија, Киро Стармер, во паб му било кажано дека ја изневери земјата, затоа што не се противи на политиката на владата за заклучување на земјата поради коронавирусот.
Стармер се скарал со сопственикот на пабот, Род Хамфрис, кој луто му наредил да гo напушти неговиот паб, наведе Би-Би-Си, пренесува „Танјуг“.
Лидерот на лабуристите кажал дека длабоко не се согласува со Хамфрис, кој потоа се судри со обезбедувањето, а потоа му рече:
– Излегувајте од мојот паб.
Стармер подоцна изјави дека никој не сака заклучување, но дека тоа е неопходно.