Сопственикот на „Амазон“ го воодушеви светот: Донира 2 милијарди долари за школување на сиромашните

од desk2
130 прегледи

Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, ќе основа добротворна организација во која што ќе донира 2 милијарди долари наменети за школување на сиромашните и за сместување на семејствата кои се без покрив на главата.

Џеф Безос кој што е најбогатиот човек на светот, најави основање на добротворна организација која што за почеток ќе располага со 2 милијарди долари кои ќе бидат наменети за школување на сиромашните деца и за обезбедување на сместување на семејствата без живеалиште.

“Bezos Day One Fund” ќе ги финансира постоечките добротворни организации кои што на семејствата без дом им помагаат во наоѓањето на живеалиште и ќе финансираат нова мрежа на непрофитабилни организации во сиромашните заедници.

Ова го потврди самиот Безос чие што богатство се проценува на околу 160 милијарди долари, откако пред една година упати повик за предлози за тоа како да го искористи своето богатство.

Сепак, тој износ е премал од филантропските придонеси на другите мултимилијардери како што е Бил Гејтс кој веќе има донирано повеќе милијарди долари во добротворни цели и првиот човек на Фејсбук, Марк Закерберг кој најави дека 99% од своите акции ќе ги донира во добротворни цели.

Џеф Безос своето богатство го стекна благодарение на компанијата „Амазон“, но треба да се истакне дека исто така е основач на агенцијата за вселенско истражување “Blue Origin”, а исто така е сопственик и на американскиот весник „Вашингтон Пост“.

Тој минатата година додели 33 милиони евра за факултетски стипендии за таканаречените “Dreamers”, мигранти кои што како деца со своите родители илегално влегле во Соединетите Американски Држави.