405
Сопственикот на фирмата „Беса транс“, Беким Хаџиу чиј автобус излета на автопатот „Струма“, кога загинаа 45 лица, за БНТ вели дека посакувал и тој да бил во автобусот.
– Понекогаш велам што не сум бил и јас во тој автобус, да бидам умрен и јас во автобусот и многу пати го велам тоа. Никој не сакал тоа да се случи, секој го знае тоа. Таа трагедија на никој да не му се случи, бидејќи е навистина тажна трагедија, вели тој во интервјуто.
Целото интервју со Хаџиу ќе биде емитувано на БНТ во 17 часот п македонско време.