
Оживување на богатството на Цукерберг доаѓа на позадината на повисоки приходи, пријавени од неговата компанија, како и резултат на серија позитивни прогнози на водечките аналитичари, кои доведоа до раст на акциите на Фејсбук во близина на нивниот рекорден врв од малку над 133 долари достигнат минатиот октомври. Во петокот акциите на социјалните медиуми ја затворија трговијата со покачување до 128,34 долари, а треба да се има предвид дека Марк Цукерберг поседува 410 милиони од нив.
Првичниот солиден пад на берзите во целиот свет по изненадувачки резултати од претседателските избори во САД, одржани на 8 Ноември, доведе до намалување за околу 7% на богатството на сопственикот на Фејсбук. Но последните поскапување на акциите на водечките Социјални медиуми го зголемија и богатството на Цукерберг со 5 милијарди долари и на тој показател тој ги превзема сите други најголеми милијардери на листата на “Форбс”, врз основа на податоците собрани меѓу почетокот на трговијата на 3-ти јануари и крајот на трговијата минатата недела на 13-ти јануари.
Богатството на Марк Цукерберг веќе се проценува на 53,8 милијарди долари, според листата на “Форбс” во реално време за најголемите милијардери во светот. Ова го става сопственикот на Фејсбук на петто место во светски рамки зад Бил Гејтс, Ворен Бафет, Џеф Безос и Аманико Ортега од Шпанија, од кои секој поседува богатство од над 70 милијарди долари