Сопственикот на Јувентус, Џон Елкан утре се очекува да одржи состанок со клупските директори Кристијано Џунтоли и Маурицио Сканавино, пишува Corriere dello Sport.
Ќе се разговара за лошата форма на тимот и мерките што ќе треба да се преземат доколку „бјанконерите“ не успеат да се квалификуваат во Лигата на шампионите.
Избраниците на Тиаго Мота претрпеа два последователни тешки порази – од Аталанта и Фиорентина, а беа претекнати од Болоња во битката за четвртото место.
Откако потроши над 200 милиони за нови засилувања, очекувањата беа дека тимот барем ќе се пласира во топ 4 и ќе обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона. Доколку тоа не се случи, ќе се преземат мерки за намалување на трошоците.
Преговорите за нови договори за Вестон Мекена и Федерико Гати се замрзнати. Покрај тоа, Рандал Коло Муани и Франциско Консеисао, кои се на позајмица, може да не останат во клубот бидејќи нема да има пари за нивно привлекување.
Ситуацијата може дури и да бара продажба на некои клучни играчи како Кенан Јилдиз.