Сопственикот на „Никоб Медикал“: Мицкоски и Апасиев по природа се деструктивни личности

од Nikola Popovski
652 прегледи

Мицкоски и Апасиев по природа се деструктивни личности, затоа што во последниот период, освен нешто да кочат и да напаѓаат, друго не сме виделе, вели сопственикот на „Никоб Медикал“, Кирил Лазаров, во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“.

Според Лазаров, не може да се најде продуктивно решение од двајцата опозициски лидери.

-Воопшто не ме изненадува ова. Нивната идеолошка матрица им го дозволува тоа да го прават. Ако не ги искоментирам обвинувањата, ќе излезе дека се во право. Целата работа настана пред 2 години, кога одлучиве да инвестираме во примарната здравствена заштита. Тоа на пазарот беше запоставено, рече Лазаров и додава:

-Не знам зошто Мицкоски е опседнат со мене. Тој е единствениот политичар во Европа што се занимава со млад бизнисмен што инвестира во државата и сака да остане тука, смета сопственикот на „Никоб“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвини дека измените на Законот за здравствена заштита се всушност обид Итната медицинска помош да ја добие фирма блиска до премиерот Зоран Заев.

Тој тврди дека станува збор за фирма чија примарна дејноост е обезбедување, а која е ангажирана  во сите јавни објекти како и во компаниите од електроенергетскиот сектор.

-Тоа е една омилена куќа за обезбедување на власта присутна и во електроенергетските компании, присутна во сите јавни објекти и тоа им беше малку и сакаат дополнително да влезат и во здравствениот сектор, односно да обезбедат да дадат приватна услуга за брзата помош, рече Мицкоски.

Слични содржини