Сопственикот на „PlayZone“: Известувањето беше во сила се до последните мерки на Владата, инспекција се увери дека игротеката не работи

од Vladimir Zorba
377 прегледи

Сопственикот на игротеката „PlayZone“ од Битола, Ѓорѓи Трајчевски до нашата редакција побара извинување за вчерашната објава во која се вели дека неколку игротеки во областа на Битола, меѓу кои и „Бики Баки“, „Fun factory“, „Смајли“, „Чудесна земја“, „Luv2Play“, „Fun Place“ во Битола ќе продолжат со работа и организирање на настани и покрај ситуацијата со корона вирусот.

Во известувањето стои дека во следниот период ќе се продолжи со организизрање на роденденски забави од затворен тип, со исполнување на условите и препораките за дезинфекција и превенција за гостите, односно позачестено дезинфицирање на објектите според пропишаните услови за работа.

Трајчевски сепак вели дека известувањето, кое беше споделено на Фејсбук страната на игротеката, било во сила се до 11 март, односно до последните мерки на Владата и дека инспекцијата се уверила дека не работи ниту една од игротеките.

„PlayZone“ и другите игротеки од Битола не работеа во тој период. Известувањето, кое е споделено на социјалните мрежи, беше во сила се до последните мерки на Владата, односно пред објавувањето на рестриктивните мерки. Имаше инспекција во сите игротеки и надлежните се уверија дека не работи ниту една игротека“, изјави Трајчевски за „Локално“.

Сопственикот на игротеката ни соопшти дека поради објавата претрпел значителни финансиски загуби и побара да се објави демантот како и извинување.

Со оваа објава се извинуваме доколку сме нанеле штета на угледот на игротеките.

Слични содржини