Сопственикот на Рагуза со благодарност до противпожарната служба и Шилегов

од Vladimir Zorba
351 прегледи

Ви благодариме на грижата и сите пораки кои ги добивме во врска со пожарот кој избувна вчера во рамки на нашиот ресторан. За таа цел сакаме да ве известиме дека за среќа нема жртви ниту повредени. Иако се соочуваме со голема материјална штета, бидејќи пожарот избувна во машинските и помошните простории, сепак ресторантскиот дел е во сосема добра состојба, напиша на Фејсбук Перица Големеиќ. сопственик на ресторанот Ragusa360 Rooftop, кој вчера беше опожарен.

„Искажуваме огромна благодарност до противпожарната служба за брзата интервенција. Дополнително благодарност и до градоначалникот Петре Шилегов за набавката на новото противпожарно возило без кое огнот немаше брзо да се локализира и несомнено ќе имаше поголеми последици. Очекуваме ресторанот нормално да функционионира за 10 дена“, напиша Големеиќ на Фејсбук.

Слични содржини