Сопственикот на Твитер повеќе не е најбогатиот човек на светот

од Nikola Popovski
184 прегледи

Во вторникот Илон Маск ја загуби титулата за најбогат човек на светот, која ја презеде Бернар Арно, претседател и извршен директор на француската модна куќа Луј Витон Моe Хенеси (LVMH).

Арно (73) се најде на врвот на листата на милијардери на Форбс со нето богатство од 191,2 милијарди долари, додека Маск е на второто место со 185,1 милијарди долари.

Маск, 51-годишниот извршен директор на Тесла, Спејс Икс и Твитер го држи првото место од септември 2021 година кога неговото богатство го надмина основачот и поранешен извршен директор на Амазон, Џеф Безос.

Падот на вредноста на богатството на Маск, главно поврзано со акциите на Тесла, доаѓа еден ден откако цената на акцијата на Тесла падна за 6,3 отсто.

Маск поседува околу 14 отсто од Tesla и повеќе од 40 отсто од Спејс Икс, кој е приватен, додека Арно поседува околу 60 отсто од LVMH.

Пазарната вредност на Тесла во вторникот беше околу 520 милијарди долари, а на „LVMH“ повеќе од 370 милијарди.

Слични содржини