Сопствениците на Беса транс се достапни, тука се и се разговара со нив, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција во владата околу автобуската несреќа во Бугарија.
Тој информира дека ќе се разговара и со патниците од другите автобус кои што биле вечерта.
-Ги чекаме наредбите од ОЈО и врз основа на нив ќе постапуваме, затоа што сето тоа што не се прибира како материјал, побарано од истражните органи, не се користи како доказен материјал. Започнато е со прибирање информации. Во моментов не можеме да кажеме со колку патници е разговарано и дали има приведени, рече Спасовски и додаде дека има пронајдени корисни информации во запленетите компјутери од компанијата превозник, но според него, тоа се аргументи што ќе ги разгледуваат обвинителите.
За останатите автобуси на Беса транс, што се враќале од Турција, Спасовски изјави дека не се влезени во земјава како конвој.