Сопствениците на кои миленичиња изневеруваат најмногу?

од desk3
101 прегледи

Домашните миленици ја “издаваат” не само природата на сопствениците, но и склоноста кон изневери, пишува “Дејли експрес”, цитиран од агенциите, повикувајќи се на резултатите од истражување направено во Велика Британија. Анкетата спроведена меѓу повеќе од 700 корисници на страницата за вонбрачни активности Illicit Encounters покажува дека само 10 проценти од нив се сопственици на кучиња – сведоштво дека слично на своите животни, сопственици се посветени и лојални и немаат тенденција да предаваат довербата на партнерите.

1473249274-shutterstock-248998057

На другата страна се сопствениците на н мачки – излегува дека тие се најголемите изневерувачи. Анкетата открива дека 25 проценти од корисниците на сајтот имаат мачки.

По сопствениците на мачки најневерни се наоѓаат имателите на рипка (16 проценти од регистрираните членови на сајтот за вонбрачни афери). Следат сопствениците на хрчаци (13 проценти), на зајаци (11 проценти) и на влекачи (11 проценти).