Сопствениците на Њукасл не ги кријат своите амбиции по преземањето на клубот, целта е Њукасл да стане клуб кој ќе одговари на Манчестер Сити и ПСЖ.
Во интервју за Дејли Меил, новата сосопственичка на клубот, Аманда Стејвли ги објасни амбициите на новите сопственици поддржани од тежок инвестициски фонд од 700 милијарди фунти.
„Се разбира дека имаме иста амбиција како Манчестер Сити и ПСЖ кога станува збор за трофеите. Се разбира, ќе биде потребно време. Дали сакаме да ја освоиме Премиер лигата во следните десет години? Да. Продажбата на клубот носи големи промени. Сакаме трофеи, но за нив се потребн инвестиции, време, трпение и тимска работа“, рече Стејвли.
Тренерот Стив Брус речиси сигурно ќе ја загуби работата, а Дејли Меил дознава дека новите сопственици веќе ги подготвиле осумте милиони фунти што треба да му ги платат за да се ослободат од него.
Саудијците се свесни колку негативно може да влијае на сите ако Брус остане на клупата за првиот натпревар што го чека овој тим под нивно водство.
Сепак, засега тие се претпазливи бидејќи се свесни дека нема да биде лесно да се најде нов тренер за толку кратко време, особено затоа што најдобрите веќе се вработени и обврзани со силни договори.
Според Дејли Меил, новите сопственици би сакале да видат тренер со големо искуство во Премиер лигата, а како најочигледна опција се издвојува Брендан Роџерс од Лестер Сити.
Се споменува и името на Стивен Џерард, кој во моментов работи како тренер на Ренџерс. Шкотските медиуми веќе пишуваат дека ова ќе биде негова последна сезона во Глазгов.
Рафа Бенитез го најде своето место во приказната, кој ќе беше назначен за тренер доколку преземањето на клубот поминеше пред една година, но со неговиот неуспех одлучи да го преземе Евертон. Таму не му оди баш најдобро, па можно е да се „врати“ во Њукасл.