Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, Обвинителството ѝ ги предаде на Бугарија доказите

од Берта Китинска
283 прегледи

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес конференција посочи дека на заменикот окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник, Бисер Јорданов Михајлов и истражителот во Националната истражна служба на Република Бугарија, Младен Христов Петров им биле предадени материјалите поврзани со истрагата за автобуската несреќа во Бугарија.

– На бугарските обвинители им ги предадовме ДНК анализите, записниците на oсум сведоци, предметот од министерството за транспорт и врски за лиценца на „Беса Транс“, како и комплетните документи на „Беса Транс“ и документацијата што ја поседува МВР, изјави Јовески.

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител информираа обвинителите на прес-конференцијата.

Слични содржини